Како дел од веќе постоечката „Safe Browsing“ функцијата, која доаѓа со три нивоа на заштита, Chrome добива помош од вештачката интелигенција во процесот на заштита на корисниците. 

Оваа новина е дел од највисокото ниво на заштита, кое беше и досега достапно, односно е дел од „Enhances protection“ нивото. Ова ниво на заштита и досега овозможуваше проактивна заштита на корисниците, нешто што овозможува подобро препознавање на малициозните веб страни во споредба со стандардното ниво. 

Сега корисниците кога го користат ова ниво на заштита добиваат заштита со помош на вештачката интелигенција во вистинско време. Истата ќе ги проверува веб страните, дел од нивната содржина, датотеките кои се симнуваат, како и екстензиите. 

Не е точно познато која е разликата сега кога се користи вештачката интелигенција, но можеме да претпоставиме дека истата е поспособна од досегашните модели на машинско учење во препознавање на малициозните страни. 

Користењето на ова ниво со ВИ на корисниците им овозможува заштита од страни со малициозен софтвер кој се’ уште не е официјално откриен од страна на Google. 

Тоа што сепак треба да се земе во предвид е дека ова ниво доаѓа со намалување на приватноста при користење на Chrome, односно сите податоци се испраќаат од Google и директно се поврзуваат со сметката на корисникот. 

Google Chrome веќе важи за не баш толку приватен прелистувач, па не сум сигурен дека ова прави некоја огромна разлика, но сепак корисниците кои не би сакале свесно да дозволат целосно следење од страна на Google, оваа функција нема потреба да ја користат. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Bleeping Computer
Претходна статијаHumane успеа да се продаде на HP, барем дел од компанијата
Следна статијаДенеска се очекува претставувањето на нов iPhone телефон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.