Фото: Google

Во март оваа година Google пушти, може да се каже потребен, редизајн на нивните „office“ апликации, односно Docs, Sheets и Slides. Овој редизајн не донесе драстична промена на изгледот и функционалноста на апликациите, но го освежи застарениот изглед и го донесе во рамките на Material стилот од компанијата.

Сега овој редизајн доаѓа и кај Android верзиите од апликациите, па може да се каже дека корисниците добиваат унифицирано искуство.

Разликата во изгледот најмалку ќе може да се забележи на мобилните секако, но затоа корисниците на таблет компјутерите ќе имаат модерно искуство кое е исто со апликациите преку веб.

„Воведуваме модернизиран визуелен дизајн за апликациите Google Docs, Sheets и Slides на Android уредите. Во наредните недели, корисниците на Android ќе забележат освежен изглед за работи како што се лентата со алатки за уредување, иконите, боите на заднината и многу повеќе.“ – истакнаа од Google во кратката најава за оваа новина.

Главната новина која веднаш се забележува е горната лента со алатки, која сега е со заоблени агли и изгледа доста поедноставно и визуелно поубаво, кратко кажано.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаMicrosoft Edge ќе добие можност за шифрирање на лозинките на самиот уред
Следна статијаThreads од Meta сега може да се користи и преку веб
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.