Google Drive за Android во наредните неколку недели ќе биде надграден со неколку нови функции, како и подобрувања на перформансите и дизајнот на апликацијата. Главната функција во новата верзија од Drive ќе биде можноста за Drag and drop на фајловите и папките.
Drag and drop функцијата овозможува селектирање на повеќе фајлови и папки со подолго притискање на нив и нивно префрлување во друга папка. Исто така, при селектирањето на повеќе фајлови и папки достапни се и дополнителни групни акции за нив како што се нивно означување со ѕвездичка, закачување на одредена локација и нивно споделување.
Покрај оваа функција, Drive добива и нов прегледувач на PDF фајлови кој што сега е достапен и како посебна апликација во Play Store.
Според информациите од Google, новите функции на Drive треба да бидат достапни за сите корисници постепено во текот на наредните неколку недели. Доколку ја немате апликацијата истата можете да ја симнете преку следниот линк.