Корисниците на Android уредите сигурно се запознаени и ја користат активно апликацијата од Google наменета за чување на фајлови во облакот, Drive. Ова е познато решение од Google кое што одлично конкурира со DropBox, OneDrive, Box и слични, нудејќи 15GB бесплатен простор, но и прилично ниски цени во однос на конкуренцијата. Она по што беше позната оваа апликација е можноста за отворање и измена на документите зачувани во облакот, па така корисниците користејќи една апликација можеа да работат на своите документи и табели.
Минатата недела Google реши функциите на Drive апликацијата да ги раздели како посебни апликации. Па така, оваа апликација ќе биде наменета за својата основна функција, односно за пристапување до фајловите во облакот. Корисниците се’ уште ќе можат да ги отвораат нивните документи, меѓутоа нема да може истите да ги менуваат. За да може да се направи било каква измена на документот, односно тоа што беше достапно порано во Drive, сега автоматски ќе биде отворена некоја од новите апликации, Docs или Sheets. Доколку овие апликации не се инсталирани на уредот, истото ќе ви биде понудено. Од Google најавуваат и трета апликација за презентации наречена Slides, која што треба да биде достапна наскоро.
Google Docs и Sheets ги вклучуваат следните карактеристики:
- Креирање на нови документи и табели или нивно отворање и измена започнати на веб или на друг уред
- Споделување и заедничко работење со други на истиот документ или табела и во исто време
- Можност за работење со документи и табели без интернет конекција
- Додавање и одговарање на коментари
- Автоматско зачувување во вистинско време, односно со секој напишан збор
- Форматирање на ќелиите, внесување и сортирање на податоците и многу повеќе
Апликациите се достапни за корисниците на Android и iOS уредите и можете да ги симнете преку следните линкови: