Bump и Flock се сервиси направени од страна на Bump Technologies, Inc, кои доаѓаат во форма на апликации достапни за Android и iOS. Bump е апликација која овозможува споделување на содржина, како, слики, видеа, контакти, фајлови, со едноставно допирање на два уреди кој ја користат апликацијата. Flock е апликација за споделување на слики преку препознавање на личностите и креирање на албум достапен на истите.
Bump Technologies беше купена од страна на Google во Септември 2013 година, по што беше најавено дека двете апликации ќе продолжат да функционираат и да бидат развивани како и до тогаш. Меѓутоа развивањето не беше продолжено баш според најавите, па неколку месеци потоа најавено е нивно гасење. Како што е наведено во блог постот од страна на ко-основачот и извршниот директор на Bump, поради концентрирање на ресурсите кон развивање на други сервиси во Google, Bump и Flock сервисите ќе бидат откажани. Истите ќе бидат тргнати од продавниците за апликации, и инсталираните верзии нема веќе да функционираат.
Апликациите ќе престанат да функционираат заклучно со 31 Јануари 2014, односно за еден месец од сега, време кое што корисниците може да го искористат да ги зачуваат сите свои податоци во апликациите. После оваа дата сите податоци ќе бидат избришани.