Фото: Shutterstock.com

Почнувајќи од Chrome 110, верзија која треба да им стане достапна на корисниците на почетокот од февруари идната година, Google воведува мала новина во тоа како ги пушта новите верзии.

Од компанијата веќе направија промена на почетокот од минатата година кога новите верзии почнаа да ги пуштаат на секои четири, наместо дотогашните шест недели.

Новата промена нема да го промени овој план, туку само додава нов дел во целиот процес.

Новиот дел е наречен „Early Stable“ и како што кажува самото име, повторно се работи за стабилна, односно финална верзија, а не некоја од тест верзиите на прелистувачот.

Оваа верзија ќе биде пуштана една недела порано и ќе им биде достапна само на мал процент од корисниците.

Од Google даваат и пример за да може оваа промена лесно да се разбере, па така верзијата 110 од Chrome ќе биде пуштена на следните дати:

  • Beta: 12 јануари 2023
  • Early Stable: 1 февруари (една недела пред стандардното време кое е четири недели по пуштањето на Chrome 109.
  • Stable: 7 февруари (редовното време според четири неделниот план)

Целта на пуштањето на оваа верзија е да дополнително се решат можните проблеми кои не биле „фатени“ со тест верзиите. Во овој случај многу помал број на корисници би имале проблем, па во тие недела дена Google ќе може да го реши проблемот пред да ја пушти новата верзија на сите корисниците на Chrome.

Одлична промена која ќе видиме дали ќе ја следат и другите компании чии прелистувачи се направени на основа на Chromium кодот.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаПотребни се активни млади, но и политичари што ќе ги вклучат во носењето на одлуки
Следна статијаВраќање на транспарентноста на податоците во рацете на корисниците со најновата контролна табла на Galaxy за безбедност и приватност
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.