Live Activities е функција која беше воведена минатата година со претставувањето на iOS 16 и iPhone 14 серијата. Оваа функција овозможува одредени информации да се прикажуваат во форма на известување на „заклучениот екран“, како и на Dynamic Island исечокот кај iPhone 14 Pro моделите кој доби посебни анимации и можности.

Во основа, Live Activities е одличен начин да се видат потребните информации без потреба од отворање на апликацијата за работи како спортски резултати во живо, временска прогноза, достава на пратки и слично.

Google веќе најави дека работи на додавање поддршка за оваа функција во нивната Maps апликација на iOS, а сега може да се види дека пуштањето на новината се ближи.

Соработник на MacRumors го открива ова во кодот на Google Maps на iOS, што значи дека работата е при крај.

Се претпоставува дека пуштањето на функцијата ќе биде во наредните месец дена, односно по пуштањето на iPhone 15 серијата кое е закажано за 12 септември.

Причината што iPhone 15 серијата е важна за Live Activities е што функција одлично функционира на Dynamic Island, а оваа година сите модели од iPhone ќе ја имаат оваа функција на исечокот, за разлика од лани кога стана достапна ексклузивно кај Pro моделите.  

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2TechLusive
Претходна статијаМВР ќе анализира траги од пукање со најсовремен микроскоп набавен од УНДП
Следна статијаChange Academy: Change your Career Days – вистинска шанса за промена на вашата кариера
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.