Google Maps веќе одамна овозможува информации за користење на јавниот превоз, а истото стана достапно и за нашата земја. Сепак, овој дел од Maps е најмногу корисен кога се наоѓаме во некое ново место, со оглед на фактот што во нашиот град знаеме да се снајдеме.
Според порталот TechCrunch, наскоро Google Maps ќе почнат да прикажуваат информации, слично како што е случајот со навигацијата со автомобил, за време на користење на јавниот транспорт.

Тоа значи дека кога ќе избереме да одиме на одредена локација, а за истото Maps препорачува користење на јавниот транспорт, додадено ќе биде ново копче Start, по што целиот пат ќе може да добиваме информации за локацијата.
Интересното е што ова логично ќе вклучува и известување кога е време да се симнеме од автобусот во којшто се возиме или некое друго превозно средство од јавниот превоз во градот.
Информациите исто така ќе се прикажуваат и на екранот додека е заклучен уредот, па многу поедноставно и побрзо ќе може да се дојде до истите.
Оваа вест е сѐ уште неофицијална, но веруваме дека портал како што е TechCrunch не би ја објавил со толкава сигурност, доколку не смета дека е точна.
Извор: TechCrunch, Engadget