Google Photos на веб добива пет нови алатки за измена и прилагодување на сликите кои досега беа достапни само преку мобилната апликација. За жал, новите алатки им се достапни само на Google One корисниците, но со ниските цени и тргањето на бесплатниот неограничен простор за сликите, сигурно многу повеќе корисници се имаат претплатено на некој од пакетите.

Новите алатки кои веќе треба да се достапни преку веб ги вклучуваат следните:

  • Click Portrait light – овозможува прилагодување на позицијата и јачината на светлото при сликање на портрет слики
  • Click Blur – овозможува прилагодување на „заматеноста“ на позадината
  • Click Sky – овозможува избор на палети, бои и контраст на небото во сликите
  • Click Color focus – намалување на боите од позадината со нивно задржување во предниот дел
  • Click HDR – подобрување на светлината и контрастот низ сликата

Google Photos постепено стана една од најдобрите апликации за брзи измени на сликите, без потреба од познавање и користење на апликациите како Photoshop и слични.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаNothing Phone (2) ќе биде претставен на 11 јули
Следна статијаSkype добива временска прогноза, како и издвоени делови за Skype и обични телефонски повици
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.