Дали поради раст на популарноста на iPhone и iPad изминатите години, дали поради друга причина, но Google конечно пушти апликација која им овозможува на корисниците лесно префрлување на Android од некои од уредите на Apple.
Иако корисниците и досега можеа да направат префрлување преку Google Drive, сепак новата апликација овозможува директно префрлување на начин како што тоа го овозможува веќе одамна достапната Move to iOS апликација од Apple.
Switch to Android е едноставна апликација и може да се симне преку App Store, иако уште не е достапна доколку истата директно е побарана од продавницата, па мора да се отвори преку надворешен линк.

Апликацијата овозможува префрлување на сликите, видеата, контактите и настаните во календарот, а со едноставно поврзување со новиот телефон, тие ќе бидат за кратко време дел од него.
Покрај префрлувањето, во апликацијата има и совет да се исклучат iMessage и FaceTime сервисите за да дојде до пропуштање на пораки и повици кои обично одат на нив од другите корисници на iPhone.