Најновата тест верзија од Google Chrome, поточно бета верзијата 111, донесува подобрување на одличната и корисна функција „слика во слика“. Оваа функција, која досега беше наменета само за видео содржините, Google сака да ја овозможи за било која друга содржина на веб страните.

Слика во слика функцијата овозможува видео содржината која се гледа на YouTube, на пример, да се отвори во помал и посебен прозор кој нема рамка и копчиња, па ја прикажува само видео содржината. Корисникот на овој начин може да продолжи да сурфа или да прави нешто друго на компјутерот, а видеото е тука во помала форма да го гледа додека работи.

Овозможувањето да и друга содржина, покрај видео, може да се прикажува во посебен мал прозор е одлична можност која доста веб страни сигурно креативно ќе ја искористат. Веќе може да се видат примери, па една страна наменета за поставување одбројувач додека се работи, одбројувачот го прикажува во ваков мал прозор.

Google планира да ја тестира оваа новина до верзијата 115, но сепак не е познато дали дефинитивно ќе ја пушти за сите корисници. Доколку такво нешто се случи, може да се очекува за некаде во јули или септември.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаiOS 16.3.1 надградбата ја „расипа“ Google Photos апликацијата
Следна статијаApple се очекува да го ограничи USB-C приклучокот кај iPhone 15
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.