Во најновата тест верзија од Chrome, поточно најновата Canary верзија, Google тестира нова мала, но интересна можност. Боите на прелистувачот, кои веќе може да се менуваат, ќе може автоматски да се менуваат зависно од боите кои доминираат на позадината поставена на почетната страна од Chrome.
Оваа новина не треба да се очекува наскоро да биде пуштена за сите корисници со оглед на тоа што е дел од Canary верзијата, а исто така таа не е вклучена, па корисниците треба сами да ја вклучат.
Доколку ги користите Canary верзиите од Chrome, новата функција може да се вклучи преку chrome://flags/#customize-chrome-color-extraction.
Споредбата со Material You на Android доаѓа поради сличната функција која Google ја воведе со Android 12, а ја прошири со Android 13. Корисниците можат да изберат системот да ги добие боите од избраната позадина, а тоа може да се намести да биде случајот и со иконите на главниот екран.
Ова е одлична можност за корисниците кои не им се допаѓаат стандардите бои на прелистувачите кои знаат да здодеат, а достапниот избор не секогаш ја погодува саканата „точка“.
