Фото: Shutterstock.com

Google Chrome можеби со години важи за најбрзиот прелистувач на Windows, иако и на оваа платформа веќе има конкуренција на тој план, но на macOS сепак Safari е прелистувачот кој го нуди најдоброто искуство.

Од Google сега тврдат дека тоа веќе не е така, па Chrome го презема првото место и на оваа платформа. Тврдењата за перформансите се прават врз основа на Speedometer 2.0, алатка која е направена од страна на Apple.

Главните придобивки кај Chrome доаѓаат со прилагодувањата на кодот за работа на веќе не толку новиот М1 чип од Apple. Многу апликации се покажаа дека функционираат одлично во споредба со истите на Intel варијантите.

Секако, Google воведува одредени подобрувања кај Chrome со секоја нова верзија, па не сите се должат само на одличниот М1 чип.

Според Google, Chrome функционира за дури 43% подобро на М1 чипот, а перформансите се за 15% подобри од тие на Apple Safari.

Google Chrome веќе е еден од главните прелистувачи и на macOS, па не е чудо оваа новина да привлече уште некој процент на корисници.

Подобрувањата кои од Google ги истакнуваат треба да донесат и подобри перформанси за корисниците на Android, каде Chrome веќе е прелистувачот број 1.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаРусија го блокира пристапот до Instagram, другите мрежи се веќе блокирани
Следна статијаFace ID на iPhone сега може да работи и преку маска
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.