Google Wallet апликацијата наскоро се очекува да добие можност за додавање на било какви додатни картички и документи, покрај досегашните кои сепак мораат да имаат некаков код на нив за да можат да бидат скенирани.

Новата можност треба да стане достапна благодарение на вештачката интелигенција која ќе може да препознае за каков документ се работи дури и кога истото не е лесно очигледно.

Со ова корисниците ќе добијат можност да ги додадат своите картички за попуст, студентски легитимации, картички за спортски активности и слично.

По препознавањето на картичката корисниците ќе можат да ги проверат податоците, како и видот на картичка. Личните картички и документи ќе бидат ставени во посебен дел кој нема да може да се отвори без автентикација од страна на корисникот.

До оваа новина повторно е дојдено преку разгледување на кодот од тест верзиите од апликацијата, па не можеме да знаеме кога се планира оваа новина да биде пуштена од страна на Google.

Дополнително, не е познато дали ќе биде достапна за сите свои корисници или сепак ќе биде ограничена во помал број на земји.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Android Authority
Претходна статијаВендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга
Следна статијаiPhone 17 изгледа нема да биде тенок како што неофицијално се најавуваше
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.