google_play_logo

Google во своите препораки за програмерите кои што објавуваат апликации во Play продавницата почна да препорачува тие да не ставаат сведоштва од корисници во описот на апликациите. Корисниците се тие кои што ќе го дадат своето мислење во делот за коментари, па нема потреба тоа да се додава од страна на програмерите во описот.

Причината за оваа одлука е поради злоупотребата на овој дел од страна на одредени програмери кои што во сведоштвата од наводни корисници ставаат одредени клучни зборови и имиња на конкурентни апликации со цел подобро прикажување при пребарувањето од страна на корисниците.

Доколку одредена апликација користи сведоштва од корисници, истата може да биде тргната од продавницата поради прекршување на условите.

Забраната за користење на неповрзани клучни зборови веќе е дел од правилата за продавницата. Исто како што е случајот со сведоштвата, доста програмери ставаат одредени зборови во описот од апликацијата со цел да бидат прикажани на повисоко место при пребарување на апликации од страна на корисниците. Корисникот може да пребарува одредена апликација, па во резултатите да искочат и доста други апликации кои што не се поврзани со пребарувањето само поради вклучување на клучен збор поврзан со тоа пребарување.

Ве молиме да не вклучувате сведоштва од корисниците во описот од вашата апликација. Тие имаат тенденција да бидат сомнителни и често се користени да вклучат референции до популарни пребарувања и апликации од конкуренти што е прекршување на политиките истакнати тука. Оставете вашите корисници да зборат во свое име преку системот за коментирање во Play продавницата.

Со тргањето на апликациите кои што во описот користат неповрзани со нивната апликација клучни зборови, без разлика дали е во описот или како дел од сведоштвата, Google продавницата реално ќе може да прикажува многу поточни резултати од пребарувањата на корисниците. Тие ќе може да добиваат резултатите со апликации кои што ги бараат, без притоа да им излегуваат уште многу други неповрзани или апликации со лош квалитет.

Извор: Android Police

Претходна статијаСкопје 2020: Модел за младинска Силиконска долина
Следна статијаТемната материја можеби случајно детектирана од научниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.