Со промена на нивните „Правила за спам и минимална функционалност“ за апликациите во Play Store, Google ќе ги зголеми стандардите кои ќе треба да бидат задоволени до страна на апликациите за да можат да бидат поставени во оваа продавница.
Новите правила ќе стапат на сила од 31 август оваа година, по што се очекува дека голем број на апликации ќе бидат отстранети од Play Store. Корисниците не би требало да забележат некоја разлика, односно да бидат погодени од промените затоа што отстранетите апликации ќе бидат такви со доста низок квалитет.
Како пример за овој вид на апликации се такви кои многу често „паѓаат“, апликации кои немаат никаква содржина или не се вклучуваат после инсталацијата, апликации кои имаат само текст и слични.
Покрај отстранувањето на голем број апликации, со оваа промена може да се очекува дека ваквите апликации веќе нема ни да може да се најдат на Play Store, нешто што е чудно што и досега на било така.