storing_files_simple_large

Доколку сте корисник на некој од мобилните производи од Apple, сигурно сте запознаени со iCloud функцијата која што овозможува синхронизација на вашите контакти, слики, документи и слични фајлови со облакот. Ова потоа овозможува нивно користење доколку го изгубите уредот, доколку имате повеќе од еден уред и слично.

Со претставувањето на iOS 8 оваа година на WWDC конференцијата, Apple го претстави и iCloud Drive. Во основа iCloud Drive е нешто што го става овој сервис во облакот од компанијата на ниво со другите популарни како што е Dropbox. Drive ви овозможува да фајловите зачувани во облакот ги прегледувате како што тоа го правите со вашите фајлови зачувани на вашиот компјутер. Фајловите се поделени по папки и можете да ги отворате од било кој уред кој што има поддршка за iCloud Drive.

Поддршка за iCloud Drive доаѓа со најновите верзии од двата оперативни системи на Apple, односно со iOS 8 и OS X Yosemite. Од денеска поддршка добиваат и корисниците на Windows, а поддршката ја добиваат пред корисниците на Mac, поради фактот што најновата верзија од OS X уште не е официјално достапна за сите корисници.

Andrew Cunningham Ars Technica
Andrew Cunningham Ars Technica

Поддршката за iCloud Drive доаѓа со најновата верзија од iCloud for Windows. Папката од Drive ќе можете да ја видите како посебна папка во File Explorer, како и во делот за омилени папки. Со други зборови, iCloud Drive папката ќе биде достапна како што тоа е случајот со Dropbox или OneDrive, кои што по инсталирањето се прикажуваат како локални папки во системот. Со тоа ќе можете да ја прегледувате и изменувате содржината на вашиот Apple облак.

Најновата верзија од iCloud for Windows е достапна за корисниците на Windows 7 и понов, а можете да ја симнете преку следниот линк.

Извор и слики: Apple, ArsTechnica

Претходна статија3D печатени медицински уреди драстично ги намалуваат трошоците за научните истражувања
Следна статијаYouTube ќе ги финансира сопствениците на најпознатите канали да продолжат да креираат нова содржина
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.