Иако Inbox беше апликацијата која ги имаше сите нови и интересни функции, сепак Google минатата година се реши да му даде долгоочекуван и потребен редизајн на својот Gmail сервис.
Може слободно да се каже дека тоа беше добар и логичен потег. Google се познати по тоа што имаат по неколку апликации од еден сервис, односно за една намена, па за корисниците тоа некогаш знае да биде збунувачки.
Достапноста на една апликација, во овој случај за имејл потребите на корисниците, е подобро и логично решение. Сите функции кои беа дел од Inbox постепено ќе станат дел од Gmail, а дел од нив веќе и се достапни.
Google минатата година најави дека Inbox ќе престане со работа во март оваа година, па тоа во главно ќе испадне така. Наместо во март, апликацијата официјално престанува со работа неколку недели подоцна, односно на почетокот од април.

Оваа информација ја објави корисник на Reddit којшто е корисник на Inbox и незадоволен од одлуката на Google, за која дознал од информација во самата апликација, има започнато интересна дискусија тука.