Infinit, францускиот старт-ап чија апликација за споделување на фајлови ви дозволува да испратите секаков тип на фајлови без разлика на големината на било кој оперативен систем или уред, објави дека собрале средства во износ од 1,8 милион долари. Исто така беше објавена првата целосно-опремена верзија на софтверот достапна за Маc и Windows. Целта на компанијата е да го олесни споделувањето на фајлови преку нудење на приватен пренос на фајлови како и јавно споделување на линкови. Лансирањето доаѓа шест месеци по објавата на нивната првата бета верзија.
Идејата потекнува од докторските истражувања на peer-to-peer технологиите од страна на нејзиниот основач Julien Quintard на универзитетот во Cambridge.
Infinit апликацијата се разликува од WeTransfer и CloudApp по тоа што користи peer-to-peer технологија, независно од тоа дали примачот користи Infinit, за да го подобри преносот на податоци меѓу два корисника. Бидејќи нема потреба од cloud, компанијата нема да им наплаќа на корисниците за одржување на cloud инфраструктура. Според тоа секогаш ќе постои бесплатна верзија на овој производ.
Infinit е peer-to-peer дистрибуиран фајл систем кој им дозволува на корисниците пристап, споделување и синхронизирање фајлови и фолдери на еден многу едноставен начин. Апликацијата им дозволува на корисниците да пристапат кон фајловите кои се наоѓаат на туѓи компјутери лесно како што тие можат да пристапат локално. Фајловите се енкриптираат локално, па потоа се делат на делови и се дистрибуираат преку агрегираните складови на мрежната инфраструктура. Кога се пристапува кон одредена содржина, всушност се стримува, па нема потреба да биде преземена таа содржина.
Она што го разликува Infinit од другите слични сервиси е неверојатната брзина на пренос која ја ветува апликацијата. Дизајнерите тврдат дека оваа апликација е до 23 пати побрза од конкурентните решенија, што е доста импресивно. Доколку интернет конекцијата се прекине за време на трансферот, преносите се паузираат и рестартираат кога пак ќе има конекција. Подолу можете да погледнете споредба на брзините на трансфер.
Јавно споделување преку линкови
До сега, Infinit беше способен да поврзе два корисника преку приватен канал. Приватните фајл трансфери имаат end-to-end енкрипција и поврзуваат испраќач со примач без да минуваат податоците низ cloud. За да еден корисник споделува јавно, тој може да селектира било колкав број на фајлови и да генерира јавен линк кој може да биде постиран секаде вклучувајќи email, форуми, твитови и слично.
Windows Beta
Компанијата цели кон проширувањето на повеќе платформи, робустност и беспрекорен сервис. Конечно беше лансирана нова верзија на Infinit за Windows која е целосно компатибилна со Mac верзијата, која што е достапна за OS X (10.7+) веќе неколку месеци. Мулти-платформната апликација ја зајакна врската меѓу Mac и Windows корисниците, па независно од тоа дали примачот користи различен оперативен систем, преносите се подеднакво брзи како меѓу два Infinit корисници на Mac, а наскоро се очекува и Linux верзија.
Опција за email нотифкација
Кон средината на април, Infinit воведе нова опција за email известувања. Досега во состојба на дисконектираност, не постоеше опција да дознаеме дека некој се обидува да ни прати некаков фајл. За таа цел апликацијата нуди опција за еmail потсетници, па кога сте offline, ќе добите по еден меил за секој пропуштен трансфер. Во случај да сте online, но сте пропуштиле трансфер на крајот од денот ќе добиете реприза на трансферите кои се очекуваат.
Cloud баферирање
Еден од новитетите кои компанијата ги воведе кон средината на април беше и cloud баферирање. Оваа функционалност ќе обезбеди баферирање на фајловите во случај кога примачот е offline, па кога тој ќе биде online100% е загарантирано преземањето на трансферот.
Апликацијата можете да ја симнете преку нивната официјална страна на следниот линк.