Inkscape е една од најпознатите апликации за работа со векторски датотеки која е со отворен код и бесплатна. Истата е конкуренција на апликациите како Adobe Illustrator, Affinity Designer и други, а е број 1 изборот од тие со отворен код.
Оваа апликација е во развој веќе 3 години, но сепак беше доволно развиена за да може слободно да се користи. Првата финална верзија, односно Inkscape 1.0 е конечно достапна, а со тоа доаѓаат и неколку новини и подобрувања.
Inkscape 1.0 добива поддршка за HiDPI монитори, нова организација на лентата со алатки, а тука е и поддршката за повеќе теми, меѓу кои и популарната темна тема. Верзијата за macOS е направена со код основен за таа платформа, но сепак уште е во развој и е означена како Preview верзија.
Со пуштањето на оваа верзија корисниците можат да бидат сигурни дека оваа апликација активно се развива и дека ќе добива нови и подобрени функции. Цената на конкурентите не секогаш е достапна за голем дел од корисниците, а посебно тие кои уште учат или не заработуваат од својата работа.
Целата листа на новини кои се дел од Inkscape 1.0 можете да ја прочитате на следниот линк.