Фото: Shutterstock.com

Meta конечно додава поддршка за динамична промена на бојата во Android и со тоа на корисниците ќе им овозможи нивната Instagram апликација да изгледа соодветно на екранот на корисниците кои ја користат оваа можност.

Facebook изгледа ќе мора да почека уште некој период, па сината икона на оваа апликација ќе продолжи да го нарушува изгледот на главниот екран.

Динамичната боја е функција која првпат стана достапна со Android 12, но стана вредна да се користи дури со наредната верзија, односно со Android 13. Оваа функција овозможува промена на бојата на иконите, по избор на корисниците, во некоја од боите кои се извадени од позадината која се користи во моментот.

Кога некоја апликација која корисникот ја има на главниот екран нема поддршка за оваа промена, може да се каже дека се уништува целото искуство, посебно кога остануваат една или две апликации кои ги задржуваат своите оригинални икони.

Со оглед на тоа што апликациите од Meta се едни од најпознатите, ретко кој ги нема поставено на главниот екран, па важноста за поддршка за промената на боите не е мала.

Оваа функција на Android, покрај бојата на иконите, ја менува и бојата на копчињата, контролниот центар и слично.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаApple доцни со имплементација на генеративната вештачка интелигенција, се очекува надоместување за идната година
Следна статијаApple конечно ќе добие посериозна Windows конкуренција – Qualcomm го претстави нивниот Snapdragon X Elite чип
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.