Можеби не се работи за некоја голема нова функција, а истата веќе одамна е стандарден дел од апликациите за разговори, но сепак вреди да се истакне.

Instagram во својата мобилна апликација ја додаде можноста корисниците да комуницираат преку испраќање на кратки, до 1 минута, гласовни пораки. Истите се испраќаат со притискање и држење на новата микрофон икона која е достапна на лентата за пораки.

Оваа нова можност е достапна како за пораките со еден пријател, така и за групните пораки.

Иако нема премногу ситуации кога една ваква функција би се нашла корисна, сепак сигурен сум дека корисниците ќе најдат, а добро е да се има можноста.

Еден пример кога оваа функција е корисна, е за време кога не сме во можност да ја користиме тастатурата на мобилниот, како на пример при возење автомобил, иако било какво користење на мобилниот не е дозволено. Сепак, ова е подобро од се почестото куцање додека се вози.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаПет алатки од EFF за ваша заштита на приватноста онлајн
Следна статијаNetflix тестира инстантно „премотување“ на цели сцени во филмовите и сериите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.