Темните теми се можеби едни од најмногу популарните делови од корисничкиот интерфејс изминатите година до две. Покрај тоа што голем дел од апликациите добија темна тема, оперативните системи исто така овозможија темни делови од својот кориснички интерфејс, а повеќето апликации се поврзани со овој режим за тие автоматски да се вклучат кога тоа ќе се направи на системот.
Instagram е најновата апликација од познатите за која се најавува ваква поддршка. Од апликациите на Facebook, во чија сопственост е Instagram, досега само Messenger доби темна тема, а истата се најавува и за главната Facebook апликација.
Информацијата дека Instagram ќе добие и тестира темна тема за својата апликација доаѓа од Android Police и големиот број на корисници кои им го имаат пријавено ова. Темната тема е достапна кај ограничен број на корисници на бета верзија од апликацијата и истата се вклучува автоматски кога е вклучена темната тема на оперативниот систем.

Првиот информации беа дека поддршката е само за Android 10, но сепак дел од пријавите дошле и од корисници на Samsung телефони со Android 9.
Темната тема во главно е популарна поради естетски причини, но во изминатите година дена излегоа доста информации за тоа дека оваа тема е повеќе пријатна за очите во ноќни услови, а исто така ја штеди батеријата на уредите со OLED екран.