fb-messenger-ios-5-0

Facebook Messenger се користи од повеќе од 200 милиони корисници за комуницирање помеѓу пријателите. Меѓутоа оваа апликација не е единствената на пазарот, а другите вакви и слични нудат и нешто повеќе функции што ја прави конкуренцијата поинтересна. Во најновата верзија на Messenger, која што е достапна за iOS уредите, но се очекува и за Android до крајот на неделата, корисниците добиваат неколку нови функции, покрај стандардното подобрување на перформансите.

Под текстот од разговорите поставена е нова лента која што треба да овозможи брз пристап до овие нови, но и неколку стари функции. Првата нова функција е можноста за брзо испраќање на слики за време на разговорот. Со притискање на камера иконата од лената, се вклучува предната камера, па со сликање на сликата таа веднаш е испратена на корисникот со кого што разговарате. Функцијата со други зборови ви овозможува испраќање на инстант “selfie” за време на разговорите. Од коментарите на корисниците може да се види дека тие не се баш задоволни од ова, па доста од нив по грешка имаат испратено слика не знаејќи дека истата ќе биде испратена веднаш по сликањето.

Исто така во оваа верзија е додадена можноста за испраќање на видеа кои што ги имате во вашата галерија. Испратените видеа, односно оние кои што ќе ги добиете, можете веднаш да ги пуштите во самата апликација во разговорот.

Кога некој ќе ви испрати стикер во разговорот, сега ја имате можноста со притискање и држење на него да го симнете целиот пакет во кој што припаѓа тој стикер.

Facebook Messenger 5.0 апликацијата е достапна во App Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

fb-messenger-ios-qr-2

Претходна статијаОткриен сигурносен пропуст во Internet Explorer, се препорачува да не го користите до издавање на закрпа
Следна статијаMicrosoft Research развива тастатура која препознава гестови
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.