Apple вчера пушти помали надградби на сите нивни оперативни системи, меѓу кои и на iOS со што верзијата на овој систем е донесена до 16.3.1. Како што може и да се види по бројката, се работи за мала надградба која не донесува ништо ново за корисниците, па е тука само за исправка на неколку грешки.
Сепак, оваа верзија на iOS направи проблем со Google Photos апликацијата. Истата воопшто не може да се вклучи, односно при вклучувањето се исклучува веднаш или како што се нарекува на англиски, веднаш „крашнува“.
Ова значи дека доколку сте активен корисник на оваа апликација, би било подобро да почекате пред ажурирање на вашиот iPhone на најновата верзија.
Треба исто така да се нагласи дека овој проблем се јавува само на iOS, но не и на iPadOS, па доколку имате таблет од Apple, може слободно да го надградите.