Mozilla во соработка со Microsoft исправија грешка кај Windows Defender која ќе направи да Firefox прелистувачот функционира многу побрзо. Поточно, се работи за грешка која правела да дел од системите за заштита во вистинско време на Windows Defender трошат до пет пати повеќе процесор во споредба со другите апликации.

Поради ова доаѓа до трошење на ресурсите на компјутерот, но и на перформансите на самиот Firefox прелистувач, очекувано.

Конкретно, Firefox ја користи алатката VirtualProtect која е следена од страна на MsMpEng.exe, дел од заштитата во вистинско време на Windows Defender. Поради грешката, проверката се има правено многу почесто, а со тоа доаѓа и до потрошувачката на процесорот.

Оваа грешка е за првпат откриена пред пет години, па дури сега точно е успеано да се лоцира проблемот. Истата е исправена со најновата верзија од Windows Defender, па корисниците треба да забележат дури 75% намалување на трошење на ресурсите при користење на Firefox, во комбинација со Windows Defender.

Од Mozilla истакнуваат дека со работата на оваа грешка ќе можат да ги подобрат перформансите на Firefox и со другите антивирусни апликации.

Средувањето на овој проблем не е мала работа. Корисниците можат да забележат и доста помала разлика во перформансите, а посебно кога се работи за отворање на посложени веб страни. Сега Firefox би требало да биде на ниво на другите прелистувачи, а дел од нив и да ги надмине.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаОбновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Свети Николе
Следна статијаЖивотот на алчните финансиски моќници: Доаѓа новата сезона од провокативната скандинавска серија Излез
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.