Во денешно време бројот на веб страни е голем, а таа бројка продолжува да се зголемува. Повеќето од вас сакаат да ја искористат предноста која што ја нуди интернетот, доаѓање до информации од повеќе извори, меѓутоа тоа е скоро невозможно да го направите без притоа цел ден да го поминете пред компјутерот. Поради тоа се користат апликации кои што ги собираат големиот број на веб страни и ја прикажуваат нивната содржина на едно место, поделена според категории, што овозможува многу побрзо да дојдете до што повеќе информации.

Денеска ќе ви ја претставиме македонската апликација Klik, која што е достапна за корисниците на iPhone телефоните, а може да биде инсталирана и на iPad. Оваа апликација вклучува голем број на македонски веб страни, а нови редовно се додаваат. Читањето на содржината е организирано преку избор на категории, со што можете да ги видите сите новости поврзани со одредена тема од достапните веб страни, или со избор на конкретна веб страна, па да ги видите сите новости од истата. Доколку некоја од веб страните ви се допаѓа и сакате почесто да ја читате, можете да ја додадете во листата на омилени наречена Мој избор.

klik-ios-feat

Дизајнот на апликацијата е прилагоден за стилот кој што се користи во iOS 7, па така нема да се издвојува од остатокот од оперативниот систем. Навигацијата е едноставна и интуитивна, па лесно ќе можете да се снајдете во неа. Мала забелешка имаме на тоа што изборот на некоја категорија или портал се врши со кликање на посебно копче кое што се наоѓа на горниот десен ден од екранот и истото е напишано во не толку разбирлив фонт, па нас ни требаше некоја секунда додека да успееме да направиме избор. Приказот на статиите од изворите е направен на интересен начин, преку прикажување на главните слики зад насловот на истите.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

klik-ios-qr

Претходна статијаПрвиот паметен телефон од Amazon ќе вклучува 6 камери
Следна статијаGramofon: стримувајте музика преку Wi-Fi на вашиот систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.