Речиси секој ден слушаме за некаква закана за сајбер безбедноста што ги погодува корисниците, компаниите и организациите. Овие закани може да доведат до ризици во рамки на мрежите, податоците и уредите, а бројот на таквите случаи неверојатно расте. Веќе знаеме дека овие закани доаѓаат во многу форми како што се малициозен софтвер или фишинг напади, но тие често се невидливи за жртвата, сè додека не биде предоцна.
Нашите моќни Galaxy безбедносни решенија нудат повеќе начини за заштита од овие закани за сајбер безбедноста така што го штитат вашиот уред и ви помагаат да ја контролирате вашата приватност. Функциите Автоматски блокатор и Message Guard (Чувар на пораки) се два такви заштитници.
Автоматски блокатор
Суштината на Автоматскиот блокатор е во изборот – тоа е пакет од опционални дополнителни безбедносни мерки кои ќе ви дадат целосна контрола врз тоа дали сакате да ги истражите можностите за прилагодување што ги нуди екосистемот Galaxy. Автоматскиот блокатор ќе го заштити вашиот Galaxy уред и личните податоци така што ќе спречи инсталирање на апликации од неовластени извори. Оваа функција, исто така, проверува за малициозен софтвер и други закани за сајбер безбедноста и веднаш ја блокира секоја штетна активност што може да се појави.
Пример за Автоматскиот блокатор на дело е спречување на она што се нарекува странично вчитување или преземање апликации од непотврдени извори. Страничното вчитување има многу предности, како што се дополнителните опции за прилагодување на вашиот телефон. Но, ако немате навика да преземате апликации надвор од стандардните продавници на вашиот уред, оваа функција ќе ве заштити и ќе ги спречи потенцијалните напади кои миже да се појават во форма на измами, како што е гласовен фишинг, при која измамниците ве повикуваат на телефон и ве наговараат да инсталирате малициозен софтвер.
Дополнително ниво на заштита што го обезбедува Автоматскиот блокатор е спречување на навлегување на штетни команди во вашата физичка USB порта – што може да биде корисно кога го полните телефонот преку штекер на јавно место како на пример, на аеродром.
Активирањето на функцијата Автоматски блокатор е брз и лесен процес кој трае помалку од една минута. Отворете Поставки, одете во Безбедност и приватност, потоа кликнете на Автоматски блокатор и изберете Вклучено.

Message Guard (Чувар на пораки)
Заканите за сајбер безбедноста доаѓаат во многу форми и стануваат сè покомплексни секоја година. Една од нив што станува сè почеста е нападот без клик, кој ги искористува ранливостите на софтверот во вашиот уред. Ова може да се случи во секое време кога ќе се прими слика и не бара никаква постапка од корисникот.
На пример, вашиот телефон прима слика и слабо вибрира во вашиот џеб или на ноќното столче пред да се смири. Вие не сте го ни допреле телефонот, ниту сте реагирале на каков било начин, но некој можеби веќе ги чита вашите пораки, ја прелистува вашата галерија или копира податоци од банкарска сметка.
Функцијата Message Guard на Samsung ќе ги неутрализира сите можни закани што се кријат во таа слика пред да се направи каква било штета така што ќе го зачува тој документ во изолиран дел од вашиот телефон. Додека сликата е во карантин, функцијата Message Guard на Samsung го проверува документот дел по дел – го обработува во контролирана средина за да спречи заразување на други делови од вашиот уред.
Message Guard работи со низа популарни апликации за пораки, од оние на Google и Samsung до Messenger, Telegram и WhatsApp. Не треба да се грижите за започнување на овој процес бидејќи Message Guard работи тивко и ефикасно без престан во позадина без да мора да се активира на кој било начин.

Иако нема сомнеж дека заканите за сајбер безбедноста ќе продолжат да се развиваат и ќе стануваат сè почести, приоритет на Samsung е секогаш да ве заштити, а единствениот начин да се осигура вашата приватност е преку силна безбедност. Како и да одберете да го живеете својот живот, Galaxy е тука за да ве чува и да се погрижи секогаш да имате контрола.
Безбедносни ажурирања во текот на долг временски период
Иако е важно да имате моќни безбедносни функции, исто така, од клучно значење е тие да бидат ажурирани за да се заштитите од најновите закани. Затоа, Samsung обезбедува дури седум години безбедносни ажурирања и седум години ажурирања на оперативниот систем, почнувајќи од серијата Galaxy S24. Ова е најдолгиот период на софтверска поддршка која во моментов е достапна за мобилни уреди, овозможувајќи им на корисниците да ги користат своите телефони на побезбеден и посигурен начин подолго време.
