2015-08-18

Иако е познато дека во нашата земја филмови во главно се гледаат на самиот компјутер по симнување на разни начини од интернет, сигурни сме дека на доста од нас ни е потребен софтвер кој што е наменет за креирање на Blu-ray или DVD дискови. Се разбира креирањето на овие дискови не се наоѓа добро само за гледање на филмови, па ситуациите во кои што можеби би ви бил потребен се повеќе, а посебно доколку се работи за професионалци.

Leawo Blu-ray Creator е софтвер наменет, како што кажува и самото име, за креирање на ваков вид на дискови. Покрај Blu-ray, Leawo нуди можност за креирање и на DVD дискови, како и ISO фајлови.

Доаѓа со поддршка за повеќето видео формати, па правењето на дисковите нема да биде проблем од било кој фајл. Поточно, Leawo Blu-ray Creator доаѓа со поддршка за правење на Blu-ray Disc (BD-25, BD-50), DVD Disk (DVD-5, DVD-9) и ISO фајлови. Од видовите на дискови кои што се поддржани вклучени се BD-R/-R DL, BD-RE/-RE DL, DVD-R DVD+R,DVD+/-RW.

Би требало да се нагласи дека овој софтвер не може да се користи за снимање, односно креирање на обични CD дискови.

Работата со програмата е навистина едноставна. Се инсталира како и секоја друга Windows програма, а нивото на познавање на корисникот кое што е потребно е на ниво на обичен корисник.

Корисничкиот интерфејс е едноставен и директно насочен кон работата која што треба да се извршува. Ставањето на фајловите кои што треба да бидат снимени на дискот се прави преку едноставен drag-and-drop.

bluray-creator-add

bluray-creator-3d

Leawo Blu-ray Creator овозможува и додавање на 3D ефект на содржината која што ја снимате на дискот, без разлика дали изворот на истата е во 3D или 2D.

Покрај овие основни функции стандардни за еден ваков софтвер, Leawo нуди и неколку дополнителни можности. Видеата кои што се снимаат може да бидат ставени целосно или променети со вградениот едитор. Тоа значи дека може да се прави кратење на видеата, менување на јачината на звукот, светлината, ставање на wattermark и слично.

Исто така, достапни се повеќе од 40 шаблони за дизајнирање на менијата на дискот. Истото може да се прави со веќе готови шаблони, а исто така дозволено е и дизајнирање од страна на корисникот. Менувањето на изгледот на менијата овозможува избор на позадина, изглед на копчињата, наслов и дополнителни напредни промени.

bluray-creator-advanced

Leawo Blu-ray Creator чини 39,95 долари за едно годишна лиценца, а во деновите што следат ќе поделиме 5 лиценци на заинтересираните читатели.

Главна страна на Leawo Blu-ray Creator.

Претходна статијаApple ќе ги претстави новите iPhone-и на 9 Септември?
Следна статијаСончевиот систем можеби поседувал уште еден гасен џин во минатото
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.