prod_Cortana_hero

Иако се’ уште недостапна за повеќето корисници, Cortana, персоналниот асистент од Microsoft, веќе е популарна и повеќето имаат слушнато за неа. Наречена според истоимениот карактер од Halo играта, Cortana е достапна на Windows Phone 8.1, меѓутоа само за уредите чии што стандарден јазик и локација се наместени на САД. Cortana, како и нејзините конкуренти Siri и Google Now, може да одговара на вашите гласовни команди и со тоа да пребара нешто на интернет, да закаже состанок, да ви даде одговор на одредени прашања и многу повеќе.

Меѓутоа Microsoft има работено на развој на персонален асистент уште пред да почнат да излегуваат информации за Cortana. На тоа од компанијата работат од 2010 година, а асистентот бил наречен Louise и требало да биде достапен на сите платформи на кои што работи Microsoft. Louise требало да вклучува голем дел од функциите и способностите кои што денеска се достапни во другите персонални асистенти, а исто така дел од нив се вклучени и во Cortana.

Според информациите од компанијата и Cortana треба да биде овозможена на другите платформи, односно на Windows и на Xbox One, меѓутоа за тоа ќе треба да се причека доволно да биде развиена на Windows Phone платформата каде што уште е во бета фаза. Според некои информации од компанијата исто така размислуваат Cortana во иднина да ја направат достапна и на конкурентните платформи како iOS и Android.

Louise е развиван од страна на Microsoft Research тимот во компанијата и во продолжение можете да видите две демо видеа на кои што е прикажано како би работел асистентот на Windows Phone, но и на Windows таблет.

Извор: The Verge

Претходна статијаDovetail Games ќе продолжи да ја развива познатата Microsoft Flight Simulator
Следна статијаLG претстави нови флексибилни и транспарентни панели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.