Уште е интересно кога ќе се помисли колку голема грешка направи Маркез Браунли со неговата нова апликација за позадини. Тој сметаше дека една ваква апликација вреди 12 долари месечно, односно 50 долари годишно, па ги доби соодветните критки од повеќето корисници. Panels Wallpapers дури имаше оценка 1 на App Store, а сега е малку зголемена на 2.
Доколку редовно го следите Браунли изминатите месеци може да се заклучи и дека ова што се случи не е толку големо изненадување. Мора да се признае дека тој е до некаде променет и неговите видеа повеќе се насочени кон критики, за разлика од интересното тестирање по кое беше познат.
Како и да е, Panels по својата прва надградба ги направи повеќето потребни промени кои беа поврзани со критиките за самата апликација, односно корисниците сега можат да симнат слики во 1080 резолуција бесплатно, а за целосната резолуција треба да се изгледа само една реклама. Исто така, променети се дел од дозволите кои ги бара апликацијата, а има и мали промени во дизајнот.
Маркез објави и видео за апликацијата и кратко кажано ги призна грешките кои ги има направено, дури логично заклучи дека доколку тој има правено рецензија на ваква апликација, исто така ќе ја критикувал.
Апликацијата во најновата верзија сега вклучува и дополнителна претплата од 2 долари месечно преку која се достапни сите слики во целосна резолуција. Повисоката претплата од 12 долари месечно останува и истата е потреба за пристап до сите колекции на позадини, кои се достапни и поединечно да се купат обично по цена од околу 7 долари еднократно.
Видеото од Маркез е во продолжение.