Секогаш сме расположени за претставување на некоја од во последно време се почестите македонски апликации. Кога апликацијата е и одлично направена и функционална, посебно се радуваме на таа ситуација.
Денеска ви ја претставуваме апликацијата Material Unit Converter која што е достапна за корисниците на Android. Како што кажува и самото име на апликацијата, таа е наменета за претворање на една во друга единица мерка.
Сигурно не ретко сите се имаме најдено во ситуација да ни треба да провериме колку мегабајти има во одредена бројка на мегабити или можеби вредноста на одредена оддалеченост во километри кога таа е претставена во милји и слично.
Material Unit Converter ги вклучува следните единици мерки за претворање: должина, маса, сила, брзина, притисок, температура, време, моќ, енергија, површина, обем, агол, валута, потрошувачка на гориво и густина.
Важно да се истакне е дека апликацијата оваа едноставна, но корисна функција ја врши со едноставен и одлично направен кориснички интерфејс, кој што е направен според правилата на материјалниот дизајн. Исто така, апликацијата содржи анимации кои што како корисник можете да изберете во кој форма ќе бидат. Анимациите се однесуваат на картите кои што се појавуваат при прикажување на резултатите од претворањето.
При нашето користење не забележавме никаков проблем со апликацијата, односно истата функционира беспрекорно, без кочење или сецкање, а посебно се истакнува добриот дизајн во секој аспект на корисничкиот интерфејс.
Апликацијата исто така има можност да изберете дали резултатите да бидат обични или научни, како и бројот на децимали кои што ќе бидат прикажувани.
Material Unit Converter е достапна во Play Store продавницата за апликации и е бесплатна за симнување, а исто така е компатибилна со мобилните уреди и таблет компјутерите. Можете да ја симнете преку следниот линк.