mega-windows-phone

Откако ја изгуби битката со судот на Соединетите Американски Држави за опстојувањето на поранешниот сервис Megaupload, Kim Dotcom зеде нов здив и пред околу две години го лансираше новиот сервис MEGA кој денес се смета за еден од најдобрите и кој е поисплатлив за разлика од супер популарните Google Drive, OneDrive и Dropbox сервиси кои се малку лимитирани.

Со самото лансирање на MEGA, официјалната апликација беше достапна само за Android, iOS и BlackBerry OS уредите и долго време се чувствуваше дека Windows Phone е целосно отфрлен.

Сепак, апликацијата беше во бета тест фаза нешто подолг период, по што стана официјално достапна од нејзината нова, втора верзија.

Инаку, за разлика од останатите сервиси, она што MEGA го прави да биде подобар е тоа што на корисниците им нуди 50GB бесплатен простор за складирање на податоци што е навистина премиум зделка на некој начин. Најверојатно се работи за стратегија со која ќе се освојат што е можно повеќе корисници.

Сепак, она со кое што од MEGA сакаат да ги привлечат повеќето корисници е енкрипцијата на податоците кои што се чуваат во облакот. Тие се заштитени со end to end енкрипција, што треба да овозможи нивна целосна тајност.

Според одредени информации, сепак сигурноста на енкрипцијата уште не може 100% да се потврди поради немањето на официјален тест и пристап до истата.

Преземете ја официјалната MEGA апликација за Windows Phone од официјалната продавница.

Извор: Twitter

Претходна статијаКако до поедноставно „Start мени“ во Windows 8.1
Следна статијаXerox лансираше нов мулти функционален уред WorkCentre 6655 Color MFP којшто го олеснува канцелариското печатење и ја зголемува продуктивноста