Facebook Messenger веќе има можност за испраќање на пораки кои автоматски ќе бидат избришани после одреден период, по избор на корисникот, но оваа можност е дел од шифрираните пораки на сервисот кои ретко кој ги користи.
Vanish Mode е нова функција која ќе биде дел како од Messenger, така и од Instagram, а веќе е почната да им биде пуштана на корисниците. Со Vanish Mode корисниците лесно и брзо може да влезат во овој посебен режим на разговори каде пораките ќе исчезнат веднаш штом истите ќе бидат прочитани и разговорот ќе биде затворен.
За да се влезе во Vanish Mode, се што треба е да се повлече нагоре во било кој од разговорите, а кога тоа првпат ќе го направите, ќе се појави и кратко објаснување за како функционира овој режим.
Во Instagram оваа нова функција за нас веќе е достапна, но тоа не се случајот со Messenger, што значи дека како и секогаш, пуштањето е постепено, па може да се очекува кај сите корисници и двете апликации во периодот што следи.

Со повторно повлекување нагоре во разговорот каде е вклучен Vanish Mode, разговорот се враќа во „стандарден“ режим, а пораките кои биле испратени во овој стандарден режим, остануваат и не се бришат.
За разлика од посебната можност за шифрирани разговори, Vanish Mode не нуди таков вид на заштита, односно се што се добива е да пораките веќе не се гледаат од двете страни. Доколку едната страна сака да направи screenshot од разговорот пред да исчезне, другиот корисник ќе биде известен за истото.