Meta најави неколку новини кај нивната Messenger апликација кои ќе станат достапни веднаш или во неделите што следат.
Главната новина може да се каже е можноста за испраќање на HD слики, односно слики во повисока резолуција. Ваквите апликации обично не се баш најдобри за испраќање на слики кои потоа корисникот би сакал да ги зачува. Истите се компресираат со цел заштеда на простор, а и побрзо испраќање, па можноста да се испрати слика во повисока резолуција е дефинитивно одлична можност.
Оваа можност ја доби WhatsApp минатиот август, па доста време требаше за Meta да ја донесе кај нивната исто така доста популарна апликација.

За испраќање на HD слики корисниците се што треба да направат е да го притиснат HD копчето во делот каде ги бираат сликите кои сакаат да ги испратат. По притискање на ова копче може да се изберат повеќе слики да бидат испратени во повисока резолуција.
Уште една доста корисна новина е можноста за креирање на фото албуми во групните разговори. Корисниците ќе можат да креираат повеќе албуми, истите да ги именуваат, како и да додаваат тргаат слики од нив.

До овие албуми ќе може да се пристапи и преку инфо делот за разговорот, па не е важно колку се истите стари, корисниците секогаш ќе можат да ги најдат.
Третата новина која ја добива Messenger е можноста да се испраќаат датотеки со големина до 100MB. Како што истакнуваат од Meta, веќе не мора да се испраќаат поголемите датотеки преку имејл, па корисниците можат истото да го направат директно преку Messenger.
Поддршка за испраќање има за повеќето познати формати, а се истакнуваат тие од Word, Excel, како и PDF.

На крајот, Messenger добива поддршка за споделување на профилот преку QR код кој корисниците можат да го прикажат за „скенирање“ со камерата или да го испратат како линк до други корисници.
Овие новини може да се очекуваат во периодот што следи.