microsoft-edge-3

Ова како информација веќе одамна ни е познато. Исто како што е случајот со можноста за портирање на мобилни апликации на Windows 10, Microsoft најави ваква можност и за екстензиите кои ќе треба да работат на Edge прелистувачот.

Се работи за алатка којашто ќе им биде достапна на програмерите со која ќе можат многу лесно да направат нивните екстензии да работат на Edge. Оваа информација како потврда дека оваа алатка е во изработка доаѓа од Џејкоб Роси од Microsoft преку неговиот Twitter профил.

Тој исто така најавува дека сепак оваа алатка нема да има поддршка за сите API алатки, па на крајот екстензија изработена од почеток за Edge ќе биде најдобриот избор, посебно за одредени екстензии кои бараат поголема интеграција со прелистувачот.

Ова сепак е добар начин да се донесе задоволителна бројка на екстензии на Edge, што би требало да предизвика поголема бројка на корисници, па на крај и повеќе програмери кои би биле заинтересирани да програмираат специјално за овој прелистувач.

Инаку, поддршката за екстензии на Edge конечно беше пуштена оваа недела за корисниците на Windows Insider верзиите од Windows 10. Тие за почеток имаат неколку екстензии кои можат да ги тестираат, па до официјалното пуштање за сите корисници, би требало да се средат сите можни багови и проблеми, но да се зголеми и изборот.

Извор: Engadget, Ubergizmo

Претходна статијаКако се гради бизнис и бренд од 0? Startup Grind со Нина од Grouper, 24 март
Следна статијаYahoo Mail со подобрен начин на прикажување на линковите во пораките
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.