Bing пребарувачот од Microsoft, можеби не успева доволно да му конкурира на Google, а посебно надвор од САД, но затоа е познат по сликите кои се користат како позадина на главната страна.

Овие слики се менуваат секој ден со нови, а истите вклучуваат слики од разни делови од светот. Корисниците веќе можат да ги користат овие слики преку Microsoft Launcher на Android, но вакво решение на десктоп, барем не од Microsoft, не беше достапно до сега.

Bing Wallpaper е апликација која се инсталира на Windows 10 и истата секој ден ќе ја менува позадината на компјутерот со слика од пребарувачот. Корисниците ќе можат да притиснат на „tray“ иконата во делот до часовникот и да видат повеќе детали за сликата, како и да изберат друга слика од тие кои се достапни таа недела.

Препорака од наша страна е да внимавате кога ќе ја почнете инсталацијата и да ги исклучите двете обележани можности кои ќе го променат пребарувачот кај сите ваши прелистувачи во Bing.

Инаку, апликации кои ја овозможуваат истата функција веќе одамна се популарни кај корисниците, но сепак официјална апликација од Microsoft сигурно ќе биде добредојдена и повеќе користена.

Апликацијата е достапна на следниот линк.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНеофицијани рендери од првиот смартфон од Samsung со камера која „излетува“ од уредот
Следна статијаGoogle ќе ги информира корисниците кога не може да го најде тоа што го пребаруваат
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.