Фото: Shutterstock.com

Најверојатно со наредната надградба од Windows 11, Microsoft ќе ја прошири листата на апликации кои корисниците ќе можат да ги избришат, едноставно како било која од другите апликации на нивниот компјутер.

Апликациите кои стануваат дел од листата се Camera, Photos и People, а корисниците ќе можат и да ја избришат Cortana која како и да е веќе нема да функционира и е откажана од страна на компанијата.

Дел од апликациите од Microsoft кои доаѓаат пред-инсталирани со Windows 11 може да се каже дека се корисни и потребни, но овој заклучок не важи за повеќето. Неможноста да се избришат до пред одреден период правеше да корисниците имаат зафатен простор на нивниот уред од апликации кои никогаш нема да ги користат.

Првпат Microsoft се одлучи да почне да дозволува бришење на нивните апликации во 2018 кога листата на апликации како дел од Windows 10 беше доволно голема за да ја тргне потребата од корисниците да прават посебни инсталации од системот кои доаѓаат без ваквите апликации.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаWhatsApp доби поддршка за испраќање на слики во повисока резолуција
Следна статијаОгласи за работа – Пат до полесно вработување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.