Почнувајќи од најновата Insider Preview верзија, Microsoft Edge прелистувачот ќе почне да го користи Brotli, алгоритам за компресија на веб страните, развиен од страна на Google.
Google го користи Brotli во нивниот Chrome од почетокот на оваа година, а по отворањето на неговиот код за јавноста, истото почна да го прави и Mozilla во Firefox.
Brotli претставува алгоритам за компресија на веб страните, односно на основните делови од кои тие се составени, HTML, CSS и JavaScript. Со нивната компресија се овозможува веб страните да имаат помала големина, а со тоа се постигнуваат предностите од користењето на една ваков алгоритам.
Од Microsoft најавуваат дека со користењето на Brotli корисниците ќе можат да очекуваат до 20% подобрување на компресијата во споредба со другите алгоритми, а тоа треба да резултира во побрзо отворање на страните, без влијание на работата на процесорот.
Верзијата на Edge која ќе работи со Brotli ќе биде достапна за сите корисници од наредната поголема надградба на Windows 10 закажана за првата четвртина од идната година, наречена Creators Update.