edge-extensions-page-3

Една од најмногу очекуваните функции на новиот Microsoft Edge интернет прелистувач конечно станаа достапни за корисниците, поточно за тие кои ги користат тест верзиите од Windows 10.

Најновата Insider верзија од Windows 10, 14291, којашто беше пуштена во текот на вчерашниот ден, со себе ја донесува оваа нова верзија од Edge и со тоа поддршката за екстензии.

За почеток, исто како што беше неофицијално најавено, достапни се три екстензии кои корисниците треба сами да ги симнат и инсталираат. По пуштање на поддршката за сите корисници, истите ќе се инсталираат преку Windows Store.

Екстензиите се направени со API алатка којашто се користи за правење на Chrome екстензиите, па како што беше најавувано минатата година, програмерите ќе можат едноставно да ги прилагодат нивните екстензии за сите прелистувачи (Mozilla исто така ќе се приклучи на оваа група).

Доколку ја инсталирате најновата Insider верзија од Windows 10, екстензиите можете да ги симнете од следната страна. За нивно инсталирање потребно е по симнувањето да ги изберете директно од фолдерот каде што ги имате зачувано.

За оваа година од Microsoft најавуваат дека сигурно ќе бидат достапни и AdBlock, Adblock Plus, Amazon, LastPass, Evernote и повеќе екстензии, а доколку прелистувачот успее да ја задржи бројката на корисници, па и да ја зголеми, сигурно може да очекуваме и многу повеќе.

Извор: Microsoft, The Verge

Претходна статијаНеотел го претстави neoTV – телевизија која може да се гледа каде и да сте
Следна статијаКако се гради бизнис и бренд од 0? Startup Grind со Нина од Grouper, 24 март
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.