Моментално дел од Android верзијата од Edge, а и тука не е се’ уште вклучена, нова функција за овој прелистувач ќе направи корисниците да бидат посигурни во чувањето на своите лозинки на серверите од Microsoft.

Од компанијата ја додаваат можноста корисниците да вклучат „On-device encryption“, односно шифрирање на лозинките на самиот уред. Со тоа лозинките ќе бидат шифрирани пред да бидат зачувани на серверите од Microsoft и со тоа тие веќе нема да можат да имаат пристап до истите.

Тоа не значи дека досега не може да и се верува на компанијата и дека лозинките се отворени за било кој вработен да ги гледа, но сепак посигурно е кога се знае дека тоа воопшто не е можно да се случи, дури ни по „грешка“.

Втора новина која е забележана е можноста за автоматска автентикација на „CAPTCHA“, нешто што сигурно е доста добредојдена можност.

Повторно, ова е вест за неофицијално откриени функции, па не знаеме уште кога може да се очекуваат истите за сите корисници, а и дали ќе постои одредени ограничување зависно платформата, односно дали ќе има одредена ексклузивност на Windows и Android.

ИЗВОРNeowin
Претходна статија„Теламон“ ја пушти во употреба новата производствена единица
Следна статијаGoogle Docs, Sheets и Slides добија нов изглед на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.