Фото: Shutterstock.com

Префрлувањето на развојот на Microsoft Edge на основа на Chromium кодот беше вистинската одлука на Microsoft. Edge од до некаде чуден и не до крај компатибилен прелистувач стана одлична апликација како и конкурентите, па корисниците реално веќе немаа причини зошто да не го користат овој прелистувач кој и така доаѓа инсталиран на нивниот Windows компјутер.

Меѓутоа, Microsoft е тука да ги даде овие причини за инаку одличниот Edge. Една од тие причини е карактеристична за компанијата, а тоа е константното натурање на Edge на корисниците преку банери, како и преку отежнување на процесот на избор на друг прелистувач како главен во Windows.

Уште една негативна работа која ја прават од компанијата е непотребно додавање на многу функции, кои повеќето корисници сигурно не ги користат, па дури не ни знаат дека се достапни.

Со наредната верзија од Edge, која моментално е во бета, односно Edge 117, Microsoft најави дека ќе тргне пет од овие непотребни функции. Math Solver, Picture Dictionary, Citations, Grammar Tools и Kids Mode се функциите кои ќе бидат тргнати и верувам дека никој од корисниците нема да бидат засегнати од оваа одлука.

Microsoft Edge е одличен прелистувач, па иако новите верзии имаат поголема популарност од порано, сепак никој не успева да му се приближи на Google Chrome.

ИЗВОРExtremeTech
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаСо едно пластично шише или лименка до влезница на концерт на NATALEE, Фолтин, SIZ и KEM
Следна статијаWhatsApp работи на можност за разговори со корисници од други сервиси
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.