Најновата верзија од Microsoft Edge донесува исправка за грешка, се надевам, која ја имаше во прелистувачот, а која ги „крадеше табовите“ од Google Chrome. Поточно, со секое ново отворање на Edge, дел од корисниците имаат забележано дека автоматски им се отвораат страните кои ги имаат отворено во Chrome.
Оваа можност е дел од новата функција која овозможува континуирано преземање на податоците од другите прелистувачи, а не само еднаш, па доколку корисникот го рестартира неговиот компјутер, на пример и со тоа повторно ги отвори сите апликации, доаѓа до повторно преземање на податоците.
Практиката беше забележана од повеќе страни, а беше истакнато дека истата е откриена по ажурирање на Windows, по што Edge автоматски се има вклучено со истите веб страни кои биле отворени во Chrome пред рестартирањето.
Microsoft никогаш не го потврди овој проблем, а сега е и решен со најновата верзија од Edge. Според објаснувањето се работи за исправка на грешка во работењето на функцијата.
Сепак, доколку се земат во предвид досегашните тактики на Microsoft, а посебно поврзани со Edge, не сум сигурен колку можеме да веруваме дека се работи за грешка.