skype-logo-open-graph

Преку нивниот Skype Blog од компанијата известија дека планираат да ги прекинат постарите верзии од овој познат клиент за комуникација, па им препорачуваат на корисниците да го надградат својот Skype клиент за да можат да продолжат да го користат без прекини. Уште не е точно јасно дали после одреден период корисниците кои што ја немаат инсталирано најновата верзија од Skype нема да може да го користат сервисот или ќе понудат некое друго решение.

Известувањето се однесува за десктоп верзијата од Skype за Windows и за Mac, а како постари верзии кои што ќе бидат прекинати се сметаат 6.13 и надоле на Windows и 6.14 и надоле на Mac. Доколку се погледнат и барањата на апликацијата за Mac корисниците, може да се види дека корисниците на постари компјутери од Apple нема да може да го користат Skype, односно минималната верзија од оперативниот систем која што е потребна за користење е поставена на OS X Mavericks.

Причината поради која што е донесена оваа одлука на блогот е кратко објаснета со желбата за овозможување на квалитетен сервис со сите најнови функции на сите корисници. Со користењето на најновата верзија од Skype корисниците добиваат можност за користење на новите подобрувања кои вклучуваат испраќање и примање на пораки кога не сте во исто време вклучени, синхронизација на статусот на пораките (прочитани/непрочитани) на сите уреди и слично.

За периодот што следи се најавува и претставување на целосно нова верзија од Skype за десктоп со нов кориснички интерфејс кој што треба да биде многу посличен со „модерниот“ кој што се користи на другите платформи, односно на Windows 8, Windows Phone, Android и iOS.

Извор: Skype Blog

Претходна статијаArchos Smart Home: Систем кој овозможува следење и автоматизација на домот
Следна статијаКонкуренција на Chromecast во развој, ќе работи на Firefox OS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.