internet_explorer_11_logo

Microsoft го претстави Internet Explorer Developer Channel кој што претставува тест верзија од прелистувачот наменета во главно за програмерите, но и за корисниците кои што доволно се разбираат и сакаат да пробаат што ново ќе биде воведено во идните верзии. Developer верзии од своите прелистувачи веќе одамна овозможуваат Google и Mozilla, па може да се каже дека овој потег на Microsoft е само доаѓање во тек со случувањата. Сепак ова е добра вест за програмерите кои што сега ќе можат да ги тестираат своите веб страни и апликации и на Internet Explorer, односно на верзиите што следат.

Internet Explorer Developer Channel е достапен преку посебно направена страна на следниот линк. Како што и обично корисниците се научени да има одредени ограничувања од страна на Microsoft, Dev верзијата ќе може да ја симнат само корисниците на Windows 7 SP1 и Windows 8.1 на кои што е инсталиран Internet Explorer 11. Иако е потребно да е инсталирана најновата верзија од прелистувачот, dev верзијата се инсталира паралелно и не ја брише или надградува постојната.

Новини воведени во првата верзија за програмерите вклучува подобрувања во F12 Developer Tools, можност за тестирање на веб страните со WebDriver, користење на Xbox контролерот за веб игри и повеќе. Повеќе за што донесува оваа верзија можете да прочитате на блогот на IE.

Извор: Cnet, IEBlog

Претходна статијаCue: Ваша домашна лабораторија, како замена за докторските прегледи
Следна статијаPayPal конечно достапен во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.