Со оглед на новите функции кои Microsoft ги додаде кај старата и позната Paint апликација, воопшто не изненадува што од компанијата се одлучија да прекинат со развојот на Paint 3D, апликација која повеќето веќе ја имаат и заборавено.

Paint 3D беше претставена во 2017 година како дел од Creators надградбата за Windows 10, а во тоа време истата делуваше како доста подобра во споредба со старата Paint.

Корисничкиот интерфејс беше доста подобар и модерен, за разлика од застарената Paint, а корисниците добија нови можности меѓу кои и цртање на 3Д објекти. 

Сепак, апликацијата не доби на некоја популарност покрај почетните добри оценки, па може да се каже дека до оваа година кога старата Paint почна да добива доста новини, ниту една од двете не добиваше некое посебно внимание. 

Paint 3D ќе биде тргната од Microsoft Store на 4 ноември, по што апликацијата ќе престане да добива било какви надградби. Корисниците кои ја имаат инсталирано изгледа ќе можат да продолжат да ја користат, но не гледам зошто тоа би го правеле, а и сигурно се работи за доста мала бројка на корисници. 

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаСтарт менито во Windows 11 ќе добие можност за прикажување на апликации според категории
Следна статијаМарк Гурман најавува стабилна продажба на iPhone 16 без некои посебни новини
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.