cropped-Introducing-Send-screens

Send е апликација наменета за испраќање на кратки и брзи пораки преку email, наместо преку веќе стандардните Viber пораки или од другите социјални мрежи.

Замислата за оваа апликација е всушност навистина одлична и е посебно корисна за деловните корисници. Во компаниите не ретко е случајот да се забранети социјалните мрежи или апликациите за пораки. Колегите често тоа што имаат да го кажат, без разлика дали е деловно или некогаш и приватно, го испраќаат преку email, па овој начин на комуникација кој што не е замислен за ваква намена, не изгледа баш најдобро, а и не е баш практичен.

Со Send од Microsoft корисниците добиваат можност преку посебна апликација, користејќи ја нивната email адреса, да испраќаат кратки пораки кои што не содржат наслов или било кој друг дел од стандардните email пораки.

Дека од компанијата работата на развојот на ваква апликација можевме да прочитаме во мај, а истата тогаш беше наречена Flow for Outlook. Инаку, апликација е развиена од страна на Garage секторот во компанијата во кој што се работи на вакви проекти.

Разговорите се одвиваат како и во било која друга апликација за пораки, па корисниците можат многу поедноставно да ја прават оваа активност. Исто така, се истакнува дека не ретко колегите и деловните контакти ги немаат телефонските броеви или социјалните мрежи меѓу себе, туку само email пораките.

Во Send се прикажуваат само разговорите започнати преку апликацијата, односно не се прикажуваат останатите email пораки. Затоа, овие пораки се прикажуваат во Outlook, па корисниците ќе имаат еден вид на архива од разговорите, а ќе можат и да ги продолжат без апликацијата на нивниот компјутер на пример.

За почеток Send е достапна на iOS и тоа во САД и Канада, за корисниците на Office 365 Business и School сметките.

Се планира пуштање и на Windows Phone и Android верзија, како и овозможување на повеќе корисници да можат да ја користат, а не само тие со Office 365 Business претплата.

Извор: Microsoft

Претходна статијаКомпанија сака да ги претвори њујоршките канти за ѓубре во Интернет точки
Следна статијаКористевме Huawei P8 – Први импресии
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.