Не дека недостасуваат „recovery“ апликации за Windows, но еве сега и една од Microsoft. Некогаш одредени апликации направени директно од програмерите на оперативниот систем се најдоброто решение за одредени корисници.
Windows File Recovery е нова алатка од Microsoft достапна преку продавницата за апликации во Windows 10 која сепак не знаеме зошто од компанијата се имаат одлучено да се користи преку командна линија. Тоа прави да сепак оваа алатка ќе биде нешто повеќе користена од страна на корисниците кои доволно се разбираат во работата со нивниот компјутер.
Со користење на оваа алатка може да се вратат избришани датотеки од NTFS системи пред се, но има поддршка наречена Signature mode која функционира и со другите како exFAT, FAT и слично, со што се добива можност за враќање на датотеки и од USB дискови и SD картички.

Како што се промовира и самата алатка, истата е одлична за ситуации кога нешто е избришано по грешка, кога е избришан цел диск, а нешто е заборавено што е важно и слични ситуации.
Со Windows File Recovery може да се вратат датотеки како слики, видеа, документи, PDF, ZIP и слично. Тоа што не е поддржано од оваа алатка е враќање на датотеки од онлајн дискови, односно од „cloud“ локации.
Секако, оваа алатка не е гаранција дека нешто што е избришано ќе може да се врати назад. Шансите за нешто да се врати се намалуваат со користењето на дискот, односно избришана датотека може да се врати се додека врз истиот простор не се запише нов податок, што значи дека како поминува време, шансите за успешно враќање на датотеки се намалуваат.
Windows File Recovery можете да ја симнете од Microsoft Store на Windows 10, односно преку овој линк.