powerpoint

Веќе одамна се очекува Microsoft да ја претстави модерната верзија од својот пакет на апликации Office. Ова посебно стана тема за анализа по претставување на Office for iPad верзијата која што доби доста позитивни критики. Сепак не треба да ве чуди што Microsoft реши прво да ја претстави верзијата за iPad, затоа што таблет компјутерите кои што работат на Windows 8 оперативниот систем можат да ја користат целосната верзија од Office, нешто што е рекламирано како една од најголемите предности на овие уреди.

universal-office-app

На Build 2014, Microsoft сепак потврди дека модерна верзија наменета за корисниците на екраните на допир е во развој и истата ја прикажа. На презентацијата беше прикажана само PowerPoint апликацијата, додека Word и Excel ги немаше. Како и да е, од презентацијата можеше да се види доволно за тоа во кој правец одат со развивањето на Office во иднина. Дизајнот на апликацијата која што беше прикажана, како што се очекува го задржува дизајнот од нејзината десктоп верзија, но прилагодена за работа со прстите. Исто така дизајнот е сличен со оној на iPad, меѓутоа може да се види дека на Windows, сепак апликациите ќе имаат нешто повеќе функции. Office за екраните на допир ќе биде направена користејќи го DirectX и ќе бидат претставени и нови верзии за Windows Phone, со што корисниците ќе треба да добијат едно унифицирано искуство каде што документите исто ќе се отвораат на различните уреди.

Претходна статијаКако ќе изгледа новиот USB кабел кој што ќе може да се приклучи од било која страна
Следна статијаStart менито ќе се врати во Windows, Live Tiles ќе бидат дел од него
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.