Presenter Coach е функција во PowerPoint која од минатата година стана доста понапредна. Истата, користејќи го микрофонот и камерата, го слуша презентирањето на корисникот и со помош на вештачката интелигенција го проценува темпото на зборување, монотоно зборување, користење на непотребни зборови, лоша граматика и слично.
Тие кои ја имаат пробано оваа можност на PowerPoint истакнуваат дека се изненадени колку добро истата функционира, односно точно како што е рекламирана од страна на Microsoft.
На крајот од следењето на презентацијата, корисниците добиваат извештај во кој се сумирани работите кои се забележани, заедно со предлози како да се подобри стилот на презентирање.
PowerPoint Presenter Coach сега станува достапен на сите платформи, досега беше достапен само на веб верзијата од PowerPoint. Со ова корисниците сега ќе можат да го вежбаат својот стил на презентирање од било кој уред, а се што треба е да ја отворат својата презентација.
Сега за сега, Presenter Coach препознава само англиски јазик, а и за да е достапен како можност Office апликациите треба да се наместени на овој јазик.
Со проширувањето на сите платформи, Presenter Coach добива и уште три нови можности, а тие се можноста за проценка на движењето на телото (body language), често повторување при говорот, како и начинот на изразување на зборовите.
